Турската Централна банка ја зголеми основната каматна стапка

Од:

Турската Цетрална банка ја зголеми основната каматна стапка на 17,75 отсто од 16,5 отсто, што претставува второ покачување по драстичниот пад на лирата.

По одлуката, лирата поврати 1,82 проценти во однос на доларот, до вредност од 4,47 лири за долар.

Банката соопшти дека затегнувањата во однос на монетраната политика ќе продолжат се додека не биде забележано значително подобрување во однос на инфлацијата.

Одлуката за зголемување на каматната стапка доаѓа за помалку од три недели од одржувањето на претседателските и парламентарните избори во Турција.

Минатиот месец турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека има намера да извршува поголема контрола врз економската политика, доколку победи на изборите, што предивизика загриженост за поголема политичка контрола врз Централната банка.

Би можело да ве интересира

Турција се приклучи на „коалицијата на спремните“, подготвена е да го надгледува мирот

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија