Турската берза со рекордни загуби поради антивладините протести

Од:

Турската берза опадна на повеќе од десет отсто, а националната валута поевтини во однос на доларот за 0,7 отсто, поради продолжувањето на масовните протести и судири меѓу полицијата и демонстрантите во земјата.

Загриженоста на инвеститорите, по ширењето на протестите, доведе вчера до пад на главниот индекс на турската берза за 10,47 отсто, а приносите на двегодишните обврзници се зголемија за рекордни 71 поени, на 6,78 отсто, објави „Фајненшел тајмс“.

Од почетокот на протестите берзата изгуби 15 отсто и сега е на 1,6 отсто пониска вредност отколку во почетокот на оваа година.

Би можело да ве интересира

Турција се приклучи на „коалицијата на спремните“, подготвена е да го надгледува мирот

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија