Турција воведува соодветни царини за американски стоки

Од:

Турција воведува увозни царини за повеќе од 20 американски производи – од автомобили до креми за заштита од сонце, како одговор на американските царини за челик и алуминиум.

Според документите поднесени во Светската трговска организација (СТО), Турција ќе воведе царини во вредност од 267 милиони долари за американски стоки кои се увезуваат во Турција чија вкупна вредност изнесува 1,8 милијарди американски долари.

Царините, кои денеска стапуваат во сила, се одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини за увоз на челик и алуминиум, од 25 и 10 отсто.

Американските царини за челикот и алуминиумот што се увезуваат од Турција со вкупна вредност од 1,1 милијарда долари, изнесуваат 267 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Турција се приклучи на „коалицијата на спремните“, подготвена е да го надгледува мирот

Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат

(ВИДЕО) Трамп: Како претседател мора да го почитувам Уставот на САД и тоа што ќе одлучи Врховниот суд

Горан Наумовски

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Поранешен шеф на ЦИА: САД ѝ дадоа на Украина доволно оружје за да „крвави“, но не и да победи

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски