Турција со критика за ММФ откако Фондот ја намали прогнозата за нивниот економски раст за 2017.

Од:

Турскиот вицепремиер Мехмет Шимшек ја искритикува ревидираната прогноза на Меѓународниот монетарен фонд за економскиот раст на Турција во 2017 година, пренесе весникот „Хуриет дејли њуз“.

Меѓународниот монетарен фонд ја намали својата прогноза за економскиот раст на Турција за 2017 година заради политичката несигурност, безбедносните стравувања и обезвреднување на турската лира, покажа вчера објавениот извештај на Фондот под наслов „Светска економска перспектива“, што се азурира на секои три месеци.

ММФ од 2,9 на 2,5 проценти ја намали својата прогноза за економскиот раст на Турција за 2017 година, а непроменета ја задржа прогнозата за раст од 3,3 проценти во 2018 година.

„Прогнозата на ММФ за турската економија веројатно повторно ќе се покаже погрешна“, на Твитер напиша Мехмет Шимшек.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски