Турција се надева дека цената на рускиот гас ќе биде намалена до крајот на годината

Од:

Турција се надева дека цената на рускиот гас ќе биде намалена до крајот на годината, изјави турскиот министер за енергетика и природни ресурси Танер Јилдиз.

– Преговорите со претставниците на „Газпром“ во Анкара ни овозможуваат да добиеме дополнително намалување на цената на рускиот гас до крајот на 2014, изјави синоќа Јилдиз.

Тој истакна дека Русија изразила подготвеност да ја намали цената на гасот за Турција за шест отсто.

– Нашите барања за намалување беа малку поголеми. Имавме средби со делегацијата на „Газпром“, која вчера пристигна во Анкара. Рускиот концерн е подготвен за натамошна соработка, додаде Јилдиз.

Русија соопшти дека е подготвена да овозможи намалување на цената на гасот за Турција до шест проценти, но Анкара претходно се надеваше на намалување до 15 отсто.

Би можело да ве интересира

Украинците ги открија трите услови на Русија за мир

ВИДЕО: „Естонците се обидоа да го нападнат рускиот танкер, а потоа се појави Су-35“

Турција се приклучи на „коалицијата на спремните“, подготвена е да го надгледува мирот

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин