Турција ќе инвестира 10 милијарди долари за изградба на индустриска зона во Иран

Од:

Истанбулската индустриска комора планира да инвестира 10 милијарди долари во изградба на првата странска индустриска зона во Иран, пишува весникот „Милиет“.

Весникот се повикува на изјавата на иранскиот заменик-министер за индустрија, рудници и трговија Али Јездани, кој посочи дека согласно со договорот со Истанбулската индустриска комора, индустриската зона ќе биде со големина од 500 хектари.

Јездани истакна дека досега има одделни странски инвестиции во различни индустриски зони во Иран, но дека ова ќе биде првата индустриска зона која ќе биде изградена од странци.

Тој додаде дека на Истанбулската индустриска комора и биле предложени 15 реони за индустриски зони и дека преговорите со Турција за финализирање на договорот продолжуваат.

Би можело да ве интересира

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Хамнеи: Преговорите со Американците може и не мора да успеат

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција