Турција и Катар потпишаа трговски договор во вредност од 15 милијарди долари

Од:

Турција и Катар денеска потпишаа трговски договор вреден 15 милијарди долари, а кој вклучува и доставување нафтени производи и природни гасови, објави ДПА.

Договорот е дел од ветувањето за инвестиции, дадено од емирот на Катар Тамим бин Хамад Ал Тани на средбата со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Анкара, одржана во август.

Договорот е потпишан во момент кога Анкара вложува напори за надминување на монетарната криза.

Турскиот министер за трговија Рухсар Пекџан и нејзиниот катарски колега Ахмед бин Џасим Ал Тани се сретнаа денеска во Анкара, за да потпишат договор за трговско и економско партнерство, кое вклучува и соработка во областа на телекомуникациите и финансии.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Израелската влада го повика Катар да „престане да си игра игри“ и со Израел и со Хамас во преговорите

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија