Турција ги зголеми царините за повеќе американски стоки

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган потпиша указ за зголемување на царините за увоз на некои америкамнски стоки во Турција, вклучително и за автомобили, алкохол и тутун.

Со указот на Ердоган, царината за увоз на американски автомобил се зголемува за 120 проценти, на алкохолните пијалаци за 140 отсто и на на тутунот за 60 проценти.

Покрај ова, повисоки царини при увоз во Турција добија и коззметичките производи, оризот и јагленот по потекло од САД.

Турскиот потпретседател Фуат Октај во објава на Твитер истака дека Турција ја донела оваа одлука како „одговор на преземените напади на американската Администрација врз турската економија“.

Одлуката на Ердоган следи откако американскиот претседател Доналд Трамп во петокот објави дека наредил зголемување на царините за увоз на турски алуминиум и челик во САД, во услови на зголемни тензии меѓу Анкара и Вашингтон.

Би можело да ве интересира

Турција се приклучи на „коалицијата на спремните“, подготвена е да го надгледува мирот

Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат

(ВИДЕО) Трамп: Како претседател мора да го почитувам Уставот на САД и тоа што ќе одлучи Врховниот суд

Горан Наумовски

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Поранешен шеф на ЦИА: САД ѝ дадоа на Украина доволно оружје за да „крвави“, но не и да победи

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски