Трошоците на живот и цените на мало пониски од лани

Од:

Трошоците на живот во март бележат намалување во споредба со март лани, а зголемување во однос на претходниот месец. Цените на мало, исто така, бележат намалување во однос на март лани, а зголемување во однос на февруари годинава.

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика трошоците на живот се намалени 0,3 отсто, а цените на мало за 0,8 проценти. Во март во однос на февруари годинава трошоците на живот се зголемени за 0,5 проценти, а цените на мало за 0,9 отсто.

Порастот на индексот на трошоците на животот од 0,5 отсто во март 2015 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките индекси на свежото овошје за 5,9 проценти, свежиот зеленчук за 2,9 отсто, свежото млеко за 1,3 отсто, тестенините, конзервираните месни производи, киселото млеко и шеќер, џем, мед, чоколада и кондиторски производи за 0,7 отсто и алкохолните пијалаци за 0,3 проценти.

Пораст на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 13 отсто, гасот за домаќинствата и течните горива и мазива за 9,6 отсто, лековите за 6,5 отсто, информатичката опрема за 2,3 отсто, други услуги неспомнати на друго место за 1 отсто, услугите за одржување и поправки на станот и средствата за чистење и одржување на станот за 0,8 отсто и накитот и часовниците за 0,6 отсто.

Намалување на индексот на трошоците на животот во март 2015 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај другите неспомнати прехранбени производи за 2,2 отсто, конзервираната риба за 1,5 отсто, месото и замрзнатиот зеленчук за 0,6 отсто, рибата за 0,4 отсто, преработките од млеко и сувото овошје за 0,2 отсто.

Во март, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај болничките услуги за 5,2 отсто, материјалите за одржување и поправки на станот за 3,7 отсто, телефонските и телеграфските апарати и услуги за 3,5 отсто, сообраќајните средства и пакет-туристичките аранжмани за 1,3 отсто, услугите за култура за 1 отсто, обувките за 0,8 отсто и останатите стоки и услуги за лична употреба за 0,2 отсто.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Минималните трошоци на едно семејство во јуни 48.543 денари