Тројката си заминува од Грција без конкретен договор

Од:

Претставниците на меѓународните кредитори на Грција денеска си заминуваат од Атина без финален договор со грчката Влада за повеќе структурни реформи, додека грчката страна тврди дека паузата во преговорите  нема да предизвика проблеми околу доделувањето на следната рата од заемот за земјата.

Синоќешниот состанок на премиерот Андонис Самарас со претставниците на ММФ, ЕК и ЕЦБ траеше неколку часа, но заврши без да се постигнат заклучоци за прашања како што е намалувањето на бројот на јавните службеници и планот за исплата на фирмите и поединците кои должат пари за социјално осигурување, јави дописникот на МИА од Атина.

И покрај застојот во преговорите, грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас инсистира на тоа дека двете страни се блиску до договор и оти следната рата од заемот за Грција во вредност од 2,8милијарди евра не е загрозена.

– Има значаен напредок во разговорите со тројката. Преговорите ќе продолжат кога меѓународните претставници ќе се вратат во Атина. Ратата од заемот не е доведена во прашање, изјави Стурнарас по состанокот.

Тој информира дека тројката ќе се врати во Атина на крајот од овој месец или на почетокот од април, што значи дека Грција нема да ја добие следната рата овој месец како што беше претходно  планирано.

Иако Стурнарас тврди дека останува да се решат само „технички прашања“ меѓу двете страни,  познавачите на приликите истакнуваат дека се уште постојат големи разлики за редица загрижувачки прашања.

Грчкиот министер за финансии не образложи за кои прашања се уште се преговара, иако општо е познато дека во последните денови се водеа долги дискусии за намалување на вработените во државната администрација, продолжување на „итниот данок на имот“ воведен во 2011 година и како да се соберат неплатените даноци и трошоците за социјално осигурување.

Друго прашање за кое Грција и тројката постојано дебатираат е и можноста банките да им дадат поповолни услови на клиентите да ги вратат кредитите и да ги исплатат хипотеките. Министерот за развој Костис Хаџидакис најави дека за ова прашање има мал напредок.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент