Тројката може од Грција да побара нови мерки за штедење

Од:

Меѓународните кредитори можно е да побараат нови мерки за штедење од владата во Атина, за да се компензираат отстапувањата во буџетот, што на годишна основа само во оваа 2013 година ќе надминат три милијарди евра, соопштува локалниот сајт њуз.ин.

Претставници на Тројката (Европска комисија, Европска централна банка и ММФ) веќе втора недела се во Атина и го инспектираат реализирањето на спогодбата, за да може Грција да ја добие слената транша од 2,8 милијарди евра.

Тие ја проверуваат реализацијата на буџетот во првите два месеца од годината.

Податоците од проверките денеска ќе бидат објавени. Се очекува тие да покажат значително заостанување во делот на буџетските приходи. Надминувањето на орочените долгови може да се покаже како клучно за реализацијата на буџетот, пишува уште грчкиот сајт.

Кабинетот на премиерот Андонис Самарас се надева дека ќе успее да ги покрие буџетските отклонувања и дека има планови и знае како да ги пополни дупките во буџетот.

Во следните денови се очекува Министерството за труд до грчкиот парламент да поднесе предлог закон, што предвидува дополнителни интервенции за буџетското штедење во вредност од 800 милиони евра.

Претставници на економскиот тим во кабинетот на Самарас изјавуваат дека поголем дел од разговорите меѓу владата и Тројката кредитори од ЕК, ЕЦБ и ММФ, се веќе завршени и се надеваат дека пред четврток и најдоцна петок нивната мисија во Атина ќе заврши.

Премиерот Самарас уверува дека веќе нема да има нови мерки за штедење. Левата опозиција, меѓутоа, бара избори и предупреди дека ако пак има затегање на ремените, решението ќе го запали општеството.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција