Директорите на тројката меѓународни кредитори од Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд повторно се враќаат во Грција, јави телевизијата „Антена“.
Претставниците на меѓународната тројка кредитори пристигнуваат во Грција на 15 јануари.
Целта на посетата е да разговараат со Владата на премиерот Андонис Самарас за мерките кои Атина треба да ги спроведе, со цел да и биде доделен останатиот дел од помошта. До март на Грција треба да и бидат доделени уште 14,8 милијарди евра од меѓународната финансиска помош за земјата.
Меѓу бараните мерки се зголемување на цените на електричната енергија, донесување на нов даночен закон, реструктурирање на системот за собирање даноци, одредување специјален секретар за приходи и почитување на роковите за приватизација.