Тркалезна маса „Сигурност во снабдувањето со стоки и нафтени деривати“

Од:

Можности и алтернативи за сигурност во снабдувањето со стоки и нафтени деривати ќе анализираат денеска на тркалезна маса во Стопанската комора на Македонија компании од енергетскиот, транспортниот, металниот и металуршкиот сектор и надлежните државни институции.

– Како резултат на честите блокади кои условија застои и нефункционалност во превозот на стоки во патниот и во железничкиот сообраќај кон Република Грција, неопходно е наоѓање соодветни решенија за надминување на ваквите состојби и разгледување опции за сигурност во снабдувањето со стоки и нафтени деривати, укажува Комората.

На тркалезната маса се најавени обраќања на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, извршниот директор на „ОКТА“ ад Скопје, Јанис Героуланос, како и на претседателите на Здружението на енергетиката и на Македонската транспортна асоцијација, Ристо Јаневски и Иван Петровски.

Би можело да ве интересира

Намалени и извозот и увозот, трговскиот дефицит до ноември лани 2,9 милијарди евра

А1он

Кризата во Германија го намали извозот на македонски производи, особено погодена текстилната индустрија

Трговскиот дефицит до октомври 2,62 милијарди евра

Извозот намален за 5,7 отсто, трговскиот дефицит 2 151,2 милиони евра

ДЗС: Опадна извозот, се зголеми увозот, трговскиот дефицит до јули е 1,92 милијарди евра

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено заради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

A1on