Трипуновски: Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви, за лебот да не стане луксуз

Од:

Високата цена на брашното и лебот пред се е предизвикана од неспособноста и криминогеноста на владата предводена од СДСМ. Од почетокот на кризата до денес владата не интервенираше ниту еднаш на пазарот со пуштање во оптек на дел од државните резерви. И второ 5 години по ред производството на пченица во Република Македонија паѓа. Па така ако во 2016 година се произвеле над 310.000 тони пченица што е доволно за задоволување на домашните потреби, сега се произведуваат помалку од 250.000 тони, тоа е за 60.000 тони помалку производство рече на прес конференција претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски.

– Со ослободување на 40.000 тони пченица до почетокот на жетвата ќе се спречи зголемување на цената на брашното и лебот, воедно и ќе влијае на намалување на истата цена. Ваквиот потег беше преземан во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ како тогашна власт кога имаше ценовен шок во светот, но ние тогаш не дозволивме народот да го почувствува тоа . За разлика од тогаш, сега СДСМ е на власт и затоа лебот и брашното се плаќаат по цена и од 60 денари. СДСМ нема капацитет да се справи со кризата, и затоа подобро и за нив и за државата е да има предвремени парламентарни избори час поскоро, за да се формира нова влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и која ќе ја извлече државата од оваа тешка криза рече Трипуновски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот