Трипуновски: Млекото не може да биде тестирано за бруцелоза, АХВ не склучила договор со лабораторијата на Ветеринарен факултет

Од:

Неспособноста на Агенцијата за храна и ветеринарство и „вечниот“ В.Д. директор Николче Бабовски продолжува во континуитет. Повторно и повторно ја демонстрираат својата некадарност во организирање на навремени јавни набавки, вели Цветан Трипуновски, претседател на комисија на ВМРО-ДПМНЕ за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Резултат е закочената активност во спроведувањето на редовните мерки согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните од страна на ветеринарните друштва. Во ек на најголемите активности, Факултетот за ветеринарна медицина Скопје ги известува надлежните ветеринарни друштва дека не се во состојба да ги примаат доставените мостри поради немање на активен договор за јавна набавка со Агенцијата за храна и ветеринарство.

Што значи сето тоа во „превод“: стадата овци, кози, говеда ќе останат без лабораториски испитувања на заразната болест бруцелоза, млекото кое ќе оди во млекарите ќе оди од стада со непознат здравствен статус што самото по себе ќе значи загрозување на јавното здравје, односно изложување на опасност на здравјето на потрошувачите.

Апелираме, не си играјте со здравјето на народот, здравјето нема цена !!!“, додава Цветан Трипуновски, претседател на комисија на ВМРО-ДПМНЕ за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта создаде хаос и го врати македонското образование една деценија назад

Лефков: Мафијата на смртта поддржана од Филипче за три години земала 35 милиони евра тендери само од Онкологија

Мафија на смртта е виновна за колапсот на Онкологија според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ им одговори место авион да набават лекови

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: СДС ќе исчезне како Груби, со секој поминат ден како не се извинуваат, губат

Катерина Ѓуровски

Јанчева: Додека скопјани се гушат, ДПМНЕ ги намали парите за чист воздух во Буџетот на Скопје за 10 пати

СДСМ: Не може да има шест милијарди евра Буџет, а да нема пари за поголеми плати на работниците