Трицифрен раст на онлајн продажбата кон домашните е-трговци

Од:

Е – трговијата во земјава е во пораст, зголемување бележат реализираните онлајн нарачки и купувњаа во текот на првите шест месеци од годинава за 36 отсто во однос на тој период лани. Забележителен трицифрен пораст има и на трговијата кон домашните е – продавници. Според објавените податоци на Народната банка, во овој период реализирани се вкупно 4.300.584 онлајн трансакции во земјата и во странство, наспроти 3.161.899 онлајн трансакции во текот на првите шест месеци од 2019 година.

Податоците укажуваат и на пораст на од аспект на вредноста. Во текот на првите шест месеци од 2020 година вредноста на онлајн трансакциите реализирани во земјата и во странство, изнесува 104,5 милиони евра, што во споредба во првите шест месеци од 2019 година кога се реализирале 84,1 милиони евра претставува пораст за 24,3 отсто.

Износот на трансакции кои се реализирани онлајн продолжува да расте и кон домашни е-трговци.

-Пандемијата со корона вирусот влијаеше кон промена на навиките на домашните купувачи, кои голем дел од онлајн купувањето наместо кон странски земји го пренасочија кон домашни е-продавници. Влијание кон ова секако имаше и затворањето на границите и комплексноста која се појави со доцнењето со испорака на производи купени од странство. Но, иако работите полека се враќаат во нормала, сепак навиките за онлајн купување остануваат кај граѓаните, наведуваат во соопштение од Асоцијацијата за електронска трговија.

Додаваат дека во оваа категорија, евидентно е дека македонските граѓани во текот на првите шест месеци од 2020 година стекнуваат се повеќе доверба кон е-трговијата и онлајн нарачките, а тоа може да се заклучи од растот на бројот и вредноста на онлајн трансакциите со домашни картички, особено кон домашни е-продавници. Оценуваат дека голем дел од онлајн трансакциите кои во претходниот период се одлевале од државата, кон странски земји во текот на првите три месеци, а особено во месец март се пренасочени кон домашни е-продавници.

-Благодарение на растот на онлајн понудата од страна на домашните компании, износот на трансакции кон домашните е-продавници пораснал во однос на странските е-продавници. Конкретно, 70,6 отсто од вредноста на онлајн трансакциите реализирани со платежни картички издадени во Македонија се реализирале во земјава, додека само 29,4 отсто од трансакциите се реализирани кон онлајн трговци во странство, што претставува нагорен тренд во однос на минатата година, кога вредноста на трансакциите кои се реализирани во земјава со платежни картички издадени во Македонија изнесувал 59,4 отсто од вкупната вредност на трансакциите, наведуваат од Асоцијацијата.

Истакнуваат дека продолжува феноменалниот раст на бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции кон домашните е-трговци.

Бројот на онлајн трансакции реализирани од страна на физички лица во првото полугодие годинава, во корист на виртуелни места на продажба во земјава бележи пораст од 122,6 отсто во однос на истиот период претходната година. Конкретно, годинава реализирани се вкупно 2.564.005 трансакции, за разлика од претходната година кога биле реализирани 1.151.741 трансакции.

-Ако ја земеме предвид вредноста на онлајн трансакциите реализирани со домашни платежни картички кон онлајн продавници во земјава, исто така се соочуваме со огромен раст имајќи предвид дека во текот на првото полугодие во 2020 година се потрошиле 69,4 милиони евра од македонски купувачи кон македонски компании кои продаваат онлајн, за разлика од 32,5 милиони евра во текот на истиот период минатата година. Станува збор за раст од 113,5 отсто, сметаат од Асоцијацијата.

Во земјава заклучно со 30 јуни 2020 година активни се 1.223 онлајн продавници. Станува збор за активно регистрирани витруелни продажни места кои се пријавени од страна на петте банки кои во моментов нудат е-трговија како дел од своето портфолио на услуги.

За период од шест месеци во текот на 2020 година бројот на онлајн продавници се зголемил за 203 новоотворени. Доколку ја земеме предвид бројката на нови онлајн продавници за периодот од април до јуни годинава, истата се зголемила за 145 новоотворени, односно секој ден се отворале по две онлајн продавници што претставува одлична динамика на раст на онлајн понудата во земјава, која понатаму неминовно предизвикува раст на побарувачката и целокупната е-трговија.

Би можело да ве интересира

Вредноста на онлајн трансакциите во 2023 изнесува 649 милиони евра, информира Асоцијата за е-трговија

Орце Костов

Македонците најмногу пари онлајн потрошиле во Велика Британија

Ана Ололовска

Fashion Group освои седум награди на E-commerce Awards 2022

Ана Ололовска

Македонецот купува онлајн еднаш до два пати во 3 месеци, прави нарачки најчесто до 50 евра, а најмногу нарачува од домашни е-трговци

Ана Ололовска

Македонците најмногу купувале онлајн од Обединетото Кралство, Ирска и Унгарија

Ана Ололовска

Македонците потрошиле 203,1 милиони евра купувајќи од домашни онлајн продавници

Ана Ололовска