Трибина за последиците од економскта криза во Грција

Од:

Подемот на неонацистичката партија Златна зора и на другите популистички движења во Грција беа една од темите на дискусијата за обнова на демократијата погодена од економската криза, што вчера ја организираше германскиот институт Гете.

На трибината, организирана преку видео врска меѓу три града – Вашингтон, Атина и Минхен, професорот Танос Веремис од институтот ЕЛИАМЕП, кој е еден од авторите на грчката политика за непризнавање на Република Македонија под уставното име, одбегна директно да одговори на прашањето за растот на национализмот во земјата по економската криза.

– Секоја држава има свој вид на популизам. И САД имаат популизам вграден во својот систем. Но, кога популизмот се појавува во некои од европските држави, потребна му е негативна, злобна фигура, понекогаш идентификуван со радикалната десница, понекогаш со радикалната левица. Во секој случај, популизмот не е добар збор во европските земји, не потсетува на едни полоши времиња, изјави професорот Веремис.

Американскиот социолог Бенџамин Барбер, кој беше еден од водачите на анархистичкото движење „Окупирај го Волстрит“, вината за кризата и за подемот на национализмот во Грција ја префрли врз меѓународните банки и корпорациите.

– Луѓето во Атина не страдаат од одлуки донесени во Вашингтон, туку од одлуки донесени во Франкфурт од Европската централна банка, во Лондон и на Волстрит во Њујорк. Ниту народите на САД, ниту на Германија или Грција не ја контролираат кризата, туку таа се поттикнува од приватни банки во приватниот сектор, кои ги бранат своите интереси. Популистичките движења кои ги гледаме се очајни реакции на луѓе оставени надвор од процесот на носење на одлуки, оцени професорот Барбер, кој не беше осамен во тврдењата дека вината за кризата не е на властите во Атина туку на големите банки.

На дискусијата на институтот Гете, се слушнаа обвинувања кон Грција за фалсификувањето на статистичките податоци со цел незаслужено да се влезе во еврозоната. Но, професорот на Атинскиот универзитет Антонис Лијакос го отфрли ова обвинување.

– Не сум сигурен дека Грција лажејќи влегла во еврозоната. Знам луѓе од Грција кои биле ангажирани во овој процес и кои силно се спротиставуваат на ваквото објаснување. Точно е дека потоа направивме хаос внатре во Европската Унија, со нашето членство. Се согласувам дека старата добра грчка демократија треба да се врати, но тоа може само ако ја смениме државата и ќе дозволиме повеќе учество и јавна дискусија, изјави Лиакос.

МИА

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната