Трговската размена во првите два месеца 1,6 милијарди долари

Од:

Вкупната вредност на македонскиот извоз во периодот јануари-февруари 2015 година изнесува 674.552.000 американски долари, а на увозот 885.340.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз е 76,2 отсто, а трговскиот дефицит 210.788.000 долари.

Според Државниот завод за статистика, најголемо учество во извозот имаат земјите-членки на ЕУ (78,8 отсто) и земјите од Западен Балкан (9,8 проценти), додека во увозот земјите-членки на ЕУ (64 отсто).

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на проводници за палење,…, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи) и облеката.

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија (53 отсто).

Би можело да ве интересира

Намалени и извозот и увозот, трговскиот дефицит до ноември лани 2,9 милијарди евра

А1он

Кризата во Германија го намали извозот на македонски производи, особено погодена текстилната индустрија

Трговскиот дефицит до октомври 2,62 милијарди евра

Извозот намален за 5,7 отсто, трговскиот дефицит 2 151,2 милиони евра

ДЗС: Опадна извозот, се зголеми увозот, трговскиот дефицит до јули е 1,92 милијарди евра

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено заради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

A1on