Трговската размена на Македонија до септември 11,6 милијарди долари

Од:

Вкупно 11.640.243.000 американски долари изнесува трговска размена на Македонија за периодот јануари-септември 2018 година. Притоа, на извоз отпаѓаат 5.046.877.000 што е раст од 22,7 отсто во однос на истиот период лани, додека на увоз 6.593.366.000 долари што е за 19,5 отсто повеќе во споредба со јануари-септември 2017.

Според Државниот завод за статистика, трговскиот дефицит е 1.546.489.000 долари, а покриеноста на увозот со извоз 76,7 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел).

Во увозот најзастапени се платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари-септември 2018 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија, и Бугарија.

Би можело да ве интересира

Намалени и извозот и увозот, трговскиот дефицит до ноември лани 2,9 милијарди евра

А1он

Кризата во Германија го намали извозот на македонски производи, особено погодена текстилната индустрија

Трговскиот дефицит до октомври 2,62 милијарди евра

Извозот намален за 5,7 отсто, трговскиот дефицит 2 151,2 милиони евра

ДЗС: Опадна извозот, се зголеми увозот, трговскиот дефицит до јули е 1,92 милијарди евра

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено заради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

A1on