Трговска војна Кина – САД: На удар производите на Хуавеи

Од:

Големиот синџир продавници за електронска опрема од САД Бест Бај наскоро ќе престане да продава мобилни телефони од кинескиот производител Хуавеи.

Потегот на Бест Бај доаѓа откако компаниите како Еј-Ти-Енд-Ти исто така престанаа да нудат телефони на Хуавеи, и е најновиот чекор во трговската војна меѓу Кина и САД.

Компанијата од Минеаполис не соопшти која е причината за прекинувањето на соработката со Хуавеи, а и кинеската компанија не откри детали за спорот.

– Хуавеи ги продава своите производи во низа водечки американски малопродажни синџири. Нашите производи ги исполнуваат највисоките безбедносни и инженерски стандарди во индустријата, соопшти Хуавеи.

Освен трговските спорови, постои уште една можна причина за одлуката на Бест Бај. Минатиот месец неколку сенатори предложија закон со кој ќе се забрани продажбата на телекомуникациска опрема произведена од Хуавеи поради страв дека кинеските власти преку неа ги шпионираат САД.

Би можело да ве интересира

Кина го поддржа планот на Украина, Европа и САД

Катерина Ѓуровски

Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат

(ВИДЕО) Трамп: Како претседател мора да го почитувам Уставот на САД и тоа што ќе одлучи Врховниот суд

Горан Наумовски

Поранешен шеф на ЦИА: САД ѝ дадоа на Украина доволно оружје за да „крвави“, но не и да победи

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски