Трета годишна конференција „Е-трговија и Ковид-19: Предизвици и можности“

Од:

Предизвиците, можностите и ефектите од ковид кризата кон бизнисите ќе бидат во фокусот на третата годишна конференција за е-трговија во државава „Е-трговија и Ковид-19: Предизвици и можности!“, која годинава ќе се одржи онлајн на 25-ти и 26-ти месецов.

Традиционално, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, конференцијата ќе биде место каде мноштво истакнати странски и домашни говорници од различни сектори поврзани со е-трговијата, преку предавања, панел дискусии и неформални разговори, ќе ја пренесат својата експертиза и искуство од областа на е-трговијата, ставајќи го во фокус влијанието на пандемијата врз растот на е-трговијата.

– Прилагодувајќи се целосно на состојбата предизвикана од ковид пандемијата и потребата на што повеќе бизниси да се префрлат кон онлајн продажба, оваа година конференцијата има за цел да го разоткрие и пренесе потенцијалот на е-трговијата, особено во време на глобална пандемија. Знаејќи дека промените се тешки, но неизбежни за раст и прогрес, со насловот „E-трговија & COVID-19: Предизвиците и можностите!“ ќе ги опфатиме најактуелните теми како: лекции од е-трговијата за време на ковид-19, адаптацијата на комуникациска стратегија во време на криза, подобрување на искуството на е-купувачите преку обезбедување на корисничка услуга, зголемување на онлајн безбедноста и можностите кои ги пружа меѓуграничната е-трговија. Овие теми ќе бидат разработени заедно со над 30 домашни и меѓународни говорници и експерти во своите полиња, најавуваат од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Минатата година на конференцијата имаше 450 учесници, од околу 150 компании, организации, универзитети и владини институции, а презентации имаа 30 говорници од осум држави.

Би можело да ве интересира

Македонците во странство потрошиле пола милијарда евра, онлајн најмногу се купува на „Букинг“ и „Виз Ер“

A1on

Вредноста на онлајн трансакциите во 2023 изнесува 649 милиони евра, информира Асоцијата за е-трговија

A1on

Македонците најмногу пари онлајн потрошиле во Велика Британија

Ана Ололовска

Fashion Group освои седум награди на E-commerce Awards 2022

Ана Ололовска

Македонецот купува онлајн еднаш до два пати во 3 месеци, прави нарачки најчесто до 50 евра, а најмногу нарачува од домашни е-трговци

Ана Ололовска

Македонците најмногу купувале онлајн од Обединетото Кралство, Ирска и Унгарија

Ана Ололовска