Трендафилов: Има посериозни доближувања меѓу нашите барања и она што можат да го понудат МФ и Владата

Од:

Има посериозни доближувања кон нашите идеи, замисли и барања и она што Министерството за финансии и Владата можат да го понудат во поглед на нашите барања, изјави денеска претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, по средбата на работната група на Економско социјалниот совет во Министерството за финансии во врска со методологијата за покачувањето на платите во јавниот сектор и институциите.

-Се доближуваме до тоа што ние го зборуваме, 14,2 проценти, 12,55 проценти и 10,9 проценти како основа врз која ќе растат платите на вработените во јавниот сектор. Останува да видиме дали кој параметар ќе биде земен во начинот на пресметката на платите и сите вработени во јавниот сектор од септември да добијат исто зголемување во процент на нивните плати, рече Трендафилов.

Тој додаде дека е договорено да имаат уште една средба следната недела в понеделник, а дотогаш синдикалците треба да се консултираат со нивните органи и тела и да заземат став и да одлучат дали тоа што го дискутирале денеска е прифатливо за синдикатите и јавниот сектор.

Би можело да ве интересира

Трендафилов: Владата во овој момент не е против зголемувањето на минималната плата

Горан Наумовски

Дали ви личи дека ми е гајле што мислите за мене, лидерот на ССМ со порака до власта

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: ССМ и Трендафилов ги лажат работниците за минималец, додека генералниот секретар на УПОЗ зема 80.000 денари плати

Трендафилов: За да го вратиме балансот, излегуваме на улица

Трендафилов се појави со Собранието, ни не се сретна „за координација“ со пратеникот Петрушевски

Трендафилов: Партијата на власт планира да ми ја скине главата

Катерина Ѓуровски