Тренчевска: Со повисока минимална плата вработените ќе имаат поголема продуктивност

Од:

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешната презентација на студијата за „Минималната плата во Република Северна Македонија и нејзините ефекти врз работење на фирмите“, во организација на Сојузот на синдикатите, поддржана од Фондацијата Фридрих Еберт, рече дека анализата доаѓа во вистинско време кога отворено се зборува за зголемување на минималната плата на 18.000 денари.

Таа посочи дека повисока минимална плата која ќе се реализира заедно со социјалните партнери е програмска опрeделба на Владата. Очекува препораките и мислењата на експертите, да помогнат во изнаоѓањето на усогласени ставови, кои ќе придонесат за носењето на побрза и полесна одлука согласно меѓународните искуства.

„Mинималната плата е комплексно прашање и треба да се разгледува од повеќе аспекти и тоа какo истата влијае на задоволството на вработените, на нивниот животен стандард, нејзините ефекти врз вработувањето а при тоа треба да се имаат во предвид и меѓународните искуства. Со соодветно ниво на минималната плата ќе ги мотивираме вработените да имаат поголема продуктивност при работењето. Оправданоста за утврдување на оптимално и прифатливо ниво на минимална плата е поради тоа што секој работник покрај тоа што бара работа сака да биде среќен и задоволен со исплата на плата која ги задоволува неговите животни потреби. Ние како држава, заедно со социјалните партнери работиме на создавање на услови за достоинствена работа за да ги мотивираме нашите вработените да придонесат до поголема продуктивност при своето работење“, рече министерката Тренчевска.

Согласно измените на Законот за минимална плата од 2017 година, минималната плата порасна за 50,7%, односно од 9.000 денари сега таа изнесува 15.194 денари.

Претседателот на Сојузот на синдикатите Дарко Димовски рече дека покачувањето на минималната плата ќе придонесесе за позитивни ефекти на животниот стандард на работниците.

Би можело да ве интересира

Синдикалците пред Собранието на Македонија побараа минималната плата да биде 500 евра

Пешевски: Повисоки плати не се 500 евра плата, туку 500 евра минимална плата

Горан Наумовски

Просечната нето-плата во февруари 43.053 денари

Евростат: Најниска плата во Бугарија, највисока во Луксембург

Доколку не се зголеми минималната плата, ССМ најавува генерален штрајк

Горан Наумовски

Трендафилов: Да донесеме одлука пратениците да бидат на минимална плата до наредното зголемување

Горан Наумовски