Трамп: Амазон им прави голема штета на продавачите кои плаќаат данок

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно денеска го нападна гигантот во електронската трговија Амазон, чиј сопственик Џеф Безос го поседува и весникот „Вашингтон Пост“.

– Амазон им прави голема штета на продавачите кои плаќаат данок. Местата, градовите и државите ширум САД трпат болка, многу работни места се загубени, наведе Трамп на Твитер.

„Вашингтон Пост“ е честа мета на нападите на Трамп, како еден од медиумите, „кои не му се по волја“ и кои ги обвинува за лажни вести.

Голем број традиционални продавници се затвораат и го обвинуваат Амазон за промена на навиките на потрошувачите, кои она што им е потребно се почесто го купуваат преку Интернет.

Амазон меѓутоа вработува илјадници луѓе и најави дека планира до средината на следната година да вработи уште сто илјади работници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

Додик: Ќе му понудам на Трамп литиум пронајден во РС, тоа ќе го намали притисокот врз нас

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина