TOYOTA PROACE City – Создаден за вашиот бизнис

Од:

Овој септември на македонскиот пазар TOYOTA носи одличен новитет за секое бизнис ориентирано лице, на кое што му е потребен верен и издржлив партнер во бизнисот. Со новото освежување во рангот на комерцијалните возила, доставата никогаш не била полесна, а возењето никогаш побезбедно со новиот член на професионаланите возила во гамата на TOYOTA – TOYOTA PROACE City.

Proace City на македонскиот пазар ќе се нуди во комерцијална (Van) и патничка (Verso) изведба. Создадено за сите видови на бизнис потреби, комерцијалната верзија на нашиот пазар доаѓа во понуда со две должини на товарниот простор – L1 (кратка, 1.817mm) и L2 (долга,2.167mm), па се до 3.400 mm должина за товарење за верзиите опремени со Smart Cargo опцијата. PROACE City Van има и одличен капацитет за товарење, со волумен од 3,3m3 до 4,3m3 со Smart Cargo опцијата. Корисен факт за секој бизнис е тоа што товарната верзија има простор за 2 еуро палети, давајќи му единствена уникатна предност, покрај карактеристиката за најдобра носивост во класата до 1 тон. И во комерцијалната и во патничката верзија, моторот нуди целосна покриеност на сегментот – доаѓа со 2 бензински и 3 дизелски мотори со моќност од 75 до 130 коњски сили, а освен што има најдобра потрошувачка во класата, има и најниска CO2 емисија. Статистички гледано ова возило има повисоки остаточни врености од конкурентите.

„Како најмало возило во рангот на комерцијални возила на TOYOTA покрај легендарниот Hilux и поголемиот Proace, главниот фокус кај ова возило се секако безбедноста на возачот, поврзаноста и лесниот начин на користење. TOYOTA нуди најдолга и најсеопфатна гаранција во сегментот и истата трае 6 години или 200.000 километри. За комплетирање на понудата нудиме и финансиски лизинг, специјално креиран за нашите комерцијални возила, со 4,5% каматна стапка и учество од само 10%“, изјави Ана Трајковска, Маркетинг менаџер во TOYOTA Авто Центар.

Безбедноста при возењето е на високо ниво, со подобрени перформанси и практичност, притоа обезбедувајќи му комфор на возачот при брзото темпо на извршување на секојдневните бизнис обврски. Возилото е достапно во повеќе пакети на опрема, додека сервисниот интервал е еднаш во годината или на секои 20.000 километри.

Toyota Proace City. Создаден за Вашиот бизнис.

Новото повеќенаменско возило во гамата на Toyota, достапно во комерцијална и патничка изведба.Повеќе информации:Proace City Van: https://www.toyota.com.mk/model/proace-city-van/Proace City Verso: https://www.toyota.com.mk/model/proace-city-verso/

Posted by TOYOTA Auto Center – Macedonia on Четврток, 03 септември 2020

Димитар Атанасовски го прифати предизвикот да ги дознае сите корисни карактеристики и корисни перформанси на најдоброто комбе за секој бизнис – TOYOTA PROACE City.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска