Тојота и Мазда градат фабрика во Алабама вредна 1,6 милијарди долари

Од:

Јапонските автомобилски гиганти Тојота и Мазда ќе градат нова фабрика во јужната американска држава Алабама.

Фабриката во Хантсвил ќе чини 1,6 милијарди долари и се очекува да проработи до 2021 година.

Во неа ќе се произведуваат околу 300 илјади автомобили годишно и ќе се отворат околу 4.000 работни места. Тојота веќе работи во северниот дел од државата, каде во 2003 година изгради фабрика за мотори за автомобили и камиони, на 22 км од новиот центар.

„Компаниите се враќаат во САД на голема врата. Честитки Алабама!“, го поздрави овој потег Трамп на Твитер.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on