„Тојота“ го прекина производството во пет јапонски фабрики

Од:

Јапонскиот производител на моторни возила „Тојота“ денеска соопшти дека следниот месец ќе го прекине производството во пет фабрики во Јапонија поради проблеми со синџирот на снабдување, недостиг на чипови и пандемијата на Ковид-19.

Суспензијата ќе го наруши производството на околу 20.000 возила, но нема да влијае на планираната годишна цел од девет милиони возила, соопшти најголемиот јапонски производител на автомобили.

„Тојота“ минатата недела соопшти дека предвидува поголем пад на производството на возила во Северна Америка во јануари, на 50.000 единици, поради проблеми со синџирот на снабдување.

Проблеми во синџирот на снабдување зафатија многу производители на автомобили низ светот, а особено снабдувањето со чипови и други електронски компоненти.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on