Затоа предлага во Македонија во наредните години да се изгради нуклеарна централа.
„Македонија со природните ресурси со кои располага не смее да си дозволи енергетска зависност од соседите, па затоа државата најитно и најсериозно треба да има проект и да размислува за изградба на сопствен реактор во наредните 20 години, за кој имаме идеални услови во Мариово, како поради ненаселеноста, местоположбата, така и поради богатите наоѓалишта на ураниум“, вели Ванчо Шехтански, лидер на ТМРО.
Овој проект, според Шехтански, треба да се реализира со Израел. Затоа партијата и предлага на Владата да ги искористи одличните односи со Израел и од оваа земја со слично опкружување на соседи како и Македонија, со државност заснована на сопствена одбрана, храна и енергија, да побара помош за реализација на проектот .