Тиквеш ги објави цените по кои ќе го откупува грозјето

Од:

Винарската визба „Тиквеш“ од Кавадарци попладнево објави цени за откуп на висококвалитетните сорти на грозје, а стартот на бербата за првите сорти винско грозје го најави за в понеделник.

–  За килограм шардоне со 24 брикса цената е 17,6 денари. За коминтентите кои ќе добијат покани за берба на грозјето во гајби ќе се доплаќа по 2 денара за килограм. За мерло од 25 шеќерни единици цената е 15,4 денари. За совињон бланк со 23 брикса ќе се добива 16,5 денари, а 19 денари ќе се исплатуваат за 23 брикса траминец и темјаника, велат од винаријата.

Зависно од квалитетот и шеќерноста на грозјето, посочуваат оттаму, ќе се добива и поголема цена.

Цените за сортите смедеревка, вранец и кратошија дополнително ќе бидат соопштени.

Би можело да ве интересира

Николовски: Зголемена откупна цена и поголеми приходи на лозарите преку новиот Закон за виното донесен од СДСМ

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8

Николовски: Лозарите субвенциите ќе ги добијат пред „Св. Трифун“

Горан Наумовски

Лозарите бараат поголема поддршка од државата, велат дека винарите им ги нудат ланските откупни цени

Аплицирајте за директни плаќања за производството на домашен лозов и овошен саден материјал