Тевдовски: Во август направен поврат на ДДВ од 44 милиони евра

Од:

Преку 15,3 милијарди денари или 250 милиони евра се инјектирани во стопанството заклучно со август, преку редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите, изјави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски по завршување на денешната седница на Комитетот за финансиска стабилност на која присуствуваше и гувернерот на НБРМ Анита Ангеловска Бежоска.

Во август е извршен најголем поврат на ДДВ на месечна основа во последниве пет години од 2,7 милијарди денари или околу 44 милиони евра.

– Преку навремениот и неселективен поврат на ДДВ се подобрува ликвидноста на фирмите и се стимулираат инвестициите. Само во август имаме поврат од 2,7 милијарди денари, што е рекордна сума изминативе пет години. Преку 15,3 милијарди денари или 250 милиони евра се инјектирани во стопанството од почеток на годинава, само по основ на поврат на ДДВ, рече Тевдовски.

Би можело да ве интересира

Буџет од 300 долари добива македонскиот амбасадор во САД, вели Мицкоски

МФ: Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно

Советниците го изгласа Буџетот на Град Скопје за 2025 година

Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025

Катерина Ѓуровски

Димитриеска Кочоска: Буџетот за 2025 година обезбедува непречено функционирање на институциите и државата

Битиќи: Предлог-буџетот за 2025 година не одговара на реалноста го премолучува реалниот дефицит

Горан Наумовски