Тевдовски: Со Буџетот за 2019 ја подобруваме состојбата во здравството, платите растат

Од:

Повисоки плати за лекарите специјалисти за 10% од јануари 2019 година и 5% за останатите медицински работници. Во септември 2019 година повторно ќе бидат покачени платите и за сите здравствени работници за 5%. Ова е предвидено во Предлог-буџетот за 2019 година, кој е на комисиска расправа во Собранието на РМ.

– Имаме реален проблем во здравството со одлив на кадри. За таа цел и годинава и следната година предвидовме зголемување на платите на здравствените работници, со дополнително зголемување од 10 отсто за специјалистите. Кога вработените се подобро платени, тие се попродуктивни. За таа цел, од септември ги зголемуваме платите и во образованието и детската грижа. Растот на платите во јавниот сектор, воведувањето на повисоко ниво на минимална плата, како и владините мерки за поддршка на раст на платите, ја придвижи спиралата на плати и во приватниот сектор, рече Тевдовски.

Министерот на комисиската расправа рече дека растот на нето платите е зголемен за пет проценти, што е најголем раст години наназад.

Би можело да ве интересира

МФ: Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно

Советниците го изгласа Буџетот на Град Скопје за 2025 година

Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025

Катерина Ѓуровски

Димитриеска Кочоска: Буџетот за 2025 година обезбедува непречено функционирање на институциите и државата

Битиќи: Предлог-буџетот за 2025 година не одговара на реалноста го премолучува реалниот дефицит

Горан Наумовски

Трендафилов: Во Буџетот за 2025 се планирани пари за поголеми плати