(ВИДЕО) Тевдовски: Потребно е да се промени среднорочното буџетско планирање

Од:

Минситерот за финанси Драган Тевдовски денеска најави дека до крајот на годината ќе има промени во буџетското планирање и оти ќе се подготви нов предлог закон за реформи во овој дел.

– Јавниот долг изнесува 4,7 милијарди евра и потребно е да се промени среднорочното буџетско планирање. До крајот на годината ќе има промени во буџетската рамка со предлог-закон за реформи во овој дел, изјави денеска министерот Тевдовски, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата по средбата со претставници на Светската банка.

Тој додаде дека е подготвена и предлог стратегија во која има серија мерки со кои се сака да се постават алатки за кредибилно управување со јавниот долг. Тоа, како што рече, е во насока на препораките на Светка банка, на ЕК, на СИГМА, како наши стратешки партнери.

Стратегијата е на среден рок за период од 2018 до 2021 година за управуање со јавни финансии со која се зафаќа и делот на јавниот долг.

Според Тевдовски, во стратегијата прво е потребно да се смени среднорочното буџетско полнење.

– До крајот на годината планираме да излеземе со промена на буџетската рамка. Во моментов во Министерството за финансии во овој дел работиме заедно на еден проект со Финска и треба да ни донесе предлог на закон со кој точно ќе се утврди што да направиме и каде ќе се движат реформите, посочи Тевдовски и додаде дека како земја мора да мислиме на среден рок и подалеку доколку сакаме да имаме успех.

Потенцира дека во стратегијата има седум приоритети, а еден од главните е транспареноста, на што е посочено и од страна на Светска банка.

Меѓу алатките е и формирањето фискален совет, кој е само еден од механизмите кои ќе прават еден вид анализа и контрола.

– Ако сакаме во Македонија да имаме кредибилни јавни финансии значи да го подобриме процесот на транспареност. Второ да се подобри проекцијата на буџетските приходи и расходи. Да се мисли на среден рок и да се постават некои механизми, истакна министерот за финансии.

Би можело да ве интересира

МФ: Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно

Советниците го изгласа Буџетот на Град Скопје за 2025 година

Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025

Катерина Ѓуровски

Димитриеска Кочоска: Буџетот за 2025 година обезбедува непречено функционирање на институциите и државата

Битиќи: Предлог-буџетот за 2025 година не одговара на реалноста го премолучува реалниот дефицит

Горан Наумовски

Трендафилов: Во Буџетот за 2025 се планирани пари за поголеми плати