Македонија во моментов нема потреба од Стенд бај аранжман со Меѓународниот монетарен фонд. Со ММФ е договорено продлабочување на соработката пред се на техничко ниво преку технички мисии.
Ова го соопшти денеска министерот за финансии Драган Тевдовски кој рече дека околу мерките што ги предлага ММФ, чиј тим во изминатите две недели беше во Македонија, заклучокот е дека Владата ќе се држи до програмта за работа и дека тоа се рамките во кои ќе се движи.
– Со ММФ имаме исклучително позитивна соработка. Нивните тимови работеа со тимовите на ММФ повеќе од две недели и договоривме продлабочување на соработката пред се на техничко ниво, изјави министерот, одговорајќи на новинарски прашања при денешната презентација на Програмата за упаравување со јавните финансии и отпочнување на процесот за јавни дискусии и консултации со засегнатите страни.
Во однос на препораката за зголемување на старосната граница за пензионирање, потенцира дека Владата апсолутно не размислува за зголемување на возраста на пензионирање, но додаде дека сметаат оти има простор да се применат дел од нивните препораки, а меѓу нив и таа за зголемување на ефикасноста во јавните трошења.
Запрашан за забелешките во однос на потфрлањето на наплата на ДДВ, рече дека она што го кажува ММФ се однесува на првите шест месеци од годината каде и објавените податоци покажуваат дека има потфрлање во однос на 2016 година и во однос на планот. Но, додава, дека добро е ако се погледнат истите податоци кои покажуваат дека во јуни, јули и август има подобрување на наплатата на ДДВ и најважно е тоа што сме сигурни дека проектиранит буџетски дефицит и покрај реализацијата на приходите и на расходите ќе биде остварено.
Посочи дека е евидентно оти Управата за јавни приходи мора да го зајакнува својот капацитет и дека има огромен простор за подигнување на наплатата на даноците.
Потенцира дека и денешниот настан е со цел да се направи притисок наплатата да се подобри бидејќи, како што рече, тоа ќе обезбеди приходи кои ќе може да се користат за мерки кои се продуктивни.
Одговарајќи на новинарско прашање за Законот за минимална плата и нормирањето, Тевдовски рече дека и кога бил донесен претходниот закон нормирањето било најболното прашање.
– Сега, се обидовме да го донесеме на едно повисоко ниво, односно нормирањето да биде стргого утврдено, да не биде оставено на работодавачите и да го злоупотербуваат. Да биде оствариливо за мнозинството работници и да има изестување за реализација на нормите во насока работодавачите да знаат дека плаќаат за реализирано остарување, а од друга страна и работниците да бидат заштитени и да не бидат злоупотребени, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски.