Тевдовски и Ангеловска-Бежоска во Брисел

Од:

Министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Анита Ангеловска – Бежоска престојуваат во работна посета на Брисел.

Како што соопштија од Министерството за финансии, посетата на Тевдовски и Ангеловска-Бежоска е во рамки на Економско-финансискиот дијалог меѓу ЕУ и Западен Балкан и Турција.

На настанот ќе бидат презентирани оценките на земјите во исполнувањето на насоките на ЕУ во Програмата за економски реформи.

Во рамки на посетата министерот за финансии ќе се сретне со еврокомесарот за економски и финансиски прашања, даноци и царина, Пјер Московичи. Целта на средбата со еврокомесарот е да се унапреди соработката со ЕУ на сите полиња.

Во соопштението се додава дека Министерството за финансии првпат има стратегија за создавање европски систем за управување со јавните финансии.

Би можело да ве интересира

Во јануари годишен раст од 11,0% на депозитите, а 11,3% на кредитите

Европската централна банка ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата за Народната банка до 2027 година

Усвоен Кварталниот извештај: Макроекономските движења минатата година соодветствуваат со проекциите на Народната банка

ЕК формира Управувачки Комитет за СЕПА

А1он

Во декември годишен раст од 12,4% на депозитите, а 11,2% на кредитите

Ангеловска-Бежоска: Монетарната политика со значителен придонес за забавувањето на инфлацијата