„Тесла“ со рекордна загуба од 710 милиони долари

Од:

Американската автомобилска компанија „Тесла“ забележа рекордна загуба од 710 милиони долари во првиот квартал од годинава.

Губењето од 3,35 американски долари по акција е пониско од предвиденото од аналитичарите кое се движи од 3,58 до 3,54 американски долари по акција, но тоа предизвика акциите на компанијата да паднат за речиси шест отсто на 283,10 долари, пренесуваат светските медиуми.

И покрај петтиот последователен квартал на рекордни загуби, „Тесла“ останува оптимист со позитивни очекувања за остатокот од тековната година,

– Компанијата „Тесла“ постигна значителен напредок на планот на зголемување на производството на „Модел 3“ во втората половина на првиот квартал, се наведува во писмото на компанијата упатено до акционерите.

Целта на компанијата е и натаму да произведува 5.000 автомобили неделно до крајот на вториот квартал, што директорот Елон Маск и претходно ветуваше, но не исполнуваше.

Од компанијата е соопштено дека во април неделно се произведувани по 2.270 возила, што значи дека „Тесла“ би можела двојно да го зголеми производството до крајот на јуни. Доколку успее да ја оствари таа цел, компанијата тврди дека ќе се врати на „патеката на профитот“.

Би можело да ве интересира

Продажбата на Tesla во ЕУ падна за 45%

Маск најави намалување на својата улога во администрацијата на Трамп

Горан Наумовски

Студентот обвинет за палење автомобили на „Тесла“ се соочува со голема затвор

Горан Наумовски

Драма во Тексас: Експлозиви пронајдени во просториите на „Тесла“

Берлин: Запалени четири автомобили на Тесла

Тесла го зголеми производството и испораката на возила во четвртиот квартал од 2022 година

А1он