„Тесла моторс“ губи 6.500 долари во минута

Од:

Компанијата на Илон Маск, „Тесла моторс“, губи 6.500 долари во минута, пренесуваат светските медиуми.

Според агенцијата Блумберг, тоа е алармантно за релативно младиот производител на автомобили кој наскоро треба да ги објави своите резултати за првиот квартал. Се очекува резултатите да бидат лоши.

Компанијата има околу 3,5 милијарди долари на сметка, плус кредити, но, сепак Маск верува дека „Тесла“ конечно ќе почне да заработува повеќе отколку што троши.

Акциите на „Тесла“ се намалија за 24 отсто, а компанијата е далеку под своите цели за производство на Модел 3.

„Тесла“ пребрзо ги троши финансиите, нема дополнително финансирање и постои ризик да остане без пари во 2018 година.

Би можело да ве интересира

Драма во Тексас: Експлозиви пронајдени во просториите на „Тесла“

Берлин: Запалени четири автомобили на Тесла

Мажот кој загина во запалената „Тесла“ има прострелна рана во главата

ВИДЕО: Пожар избувна во фабриката Тесла во Калифорнија

Тесла го зголеми производството и испораката на возила во четвртиот квартал од 2022 година

А1он

Маск продаде акции од „Тесла“ во вредност од речиси четири милијарди долари

Ана Ололовска