Тенденциите во преработувачката индустрија во февруари понеповолни во однос на јануари

Од:

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во февруари е за 0,5 процентни поени понизок во однос на претходниот месец, а во споредба со тој месец лани е зголемен за 2,7 процентни поени, објави денеска Државниот завод за статистика.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во февруари во споредба со јануари е понеповолна, а очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни. Залихите на готови производи се намалени во однос на јануари.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во февруари е понеповолна во однос на јануари, а поповолна во однос на февруари минатата година. Во однос на бројот на вработени оценката е дека ќе остане речиси ист.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари изнесува 65,1 процент од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат недоволната странска побарувачка со 21,8 проценти, недоволната домашна побарувачка со 19,9 отсто и недостигот на квалификувана работна сила со 18,3 отсто.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата