Текстилците ја исплаќаат минималната плата

Од:

Текстилната индустрија се уште чека на одговорот од Владата за замрзнување на придонесите на работниците кои земаат плата од 12 до 18 илјади денари.

Предлогот за тоа, како што истакна претседателката на Кластерот за текстил, Марија Перковска, бил даден по покачувањето на минималната плата на 12 илјади денари.

– Одговор се уште нема, но добивме информација дека се работи на тој предлог, затоа што покрај желбата мора да се видат и какви репрекусии ќе има, односно какви импликации ќе има на полнење на буџетот. Но, сметаме дека нема да бидат многу големи зашто тоа се пари, кои нема да бидат заштедени од работодавците, туку пренасочени од работодавецот кон работникот, изјави Перковска.

Таа кажа дека минималната плата се исплаќа и дека тоа не е проблем. Проблемот го гледа во спиралниот ефект од зголемувањето на платите, со што се наметнувата масата на пари за личен доход да се зголеми за 20 до 30 отсто.

– Веќе се чуствуваат притисоци на другите плати. Не можете вие да очекувате оној кој до вчера имал 10.000 денари, денеска има 12.000 денари, а оној кој што бил со 13.000 денари и имал од минимум од две до три илјади денари разлика дека тој нема да побара покачување на платата, посочи Перковска.

Според неа во 2018 година текстилниот сектор ќе има задача да го модернизира производството, да ја зголеми продуктивносто и да започне со брендирано производство.

Како што кажа Перковска најголем проблем им е недостигот на работна сила.

Според анализите, просечната старост на текстилните работници е над 45 години. Перковска смета дека се потребни реформи во средното стручно образование и тоа во делот на практичната настава, со цел младите да се мотивираат да останат во реалниот сектор.

Би можело да ве интересира

„Гласен текстилец“ со отворено писмо од македонските пратеници бара да се донесе петтиот сет мерки

Ана Ололовска

Текстилниот сектор пред колапс, работниците на принуден одмор, се чека петтиот сет мерки

Катерина Ѓуровски

Текстилците најавуваат до 20 отсто отпуштања ако не ја добијат навреме поддршката за плати

Ана Ололовска

Хелсиншки и Гласен текстилец бараат фабриките да не работат за време на полицискиот час

Ана Ололовска

Ангеловска: Извозот на заштитна опрема е речиси 300 отсто поголем во април, да се гордееме со домашните текстилни компании

Ана Ололовска

Најдобрите времиња на Комбинатот „Тетекс“ во државна сопственост

Драган Поповски