Таксистите во Битола со протест до повисоки цени

Од:

Такси превозниците во Битола денеска го блокираа центарот на градот. Протестираа пред административната зграда на општина Битола од која побараа да им одобри да ги зголемат цените на такси превозот.

Здружението на лиценцирани такси превозници барање го образложи со фактот дека се зголемени цените на горивата. Битолските таксисти бараат актуелната цена од 20 денари да се зголеми на 30 денари со вклучен еден километар или да се зголеми цената на изминат километар од 20 на 25 денари по поминат километар.

Ѓорѓи Пановски, претставник на Здружението на лиценцирани авто-такси превозници од Битола изјави: „Барањето го поднесовме согласно промените во Законот за такси превоз во Република Македонија, како и зголемувањето на цената на горивата, а со цел да се одржи рентабилноста, да се запази квалитетот на услугата и да се продолжи со работа според пропишаните законски регулативи. Здружението преку поднесеното барање предвид ги има финансиската состојба на граѓаните и затоа инсиситира на минимална корекција со која ќе се надополнат финансиските загуби на превозниците“.

Од општина Битола велат дека барањата ќе бидат процесуирани на соодветните општински комисии, а воедно дека општинаската администрација ќе се обиде да создаде регулаторно тело кое професионално ќе ја согледа потребата од зголемување на цената во авто-такси превозот. Како Совет имаме идентичен третман како за автобуските така и за авто-такси превозниците, но за автобуските превозници од порано е изработена методологија за утврдување на цената за извршена услуга, додека з атакси превозниците тоа допрва треба да с еутврдува – посочија од Советот на општина Битола.

Би можело да ве интересира

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

Протести и контрапротести во Њујорк

„Да се пресече синџирот на криминалот и да се истера правдата“ – порачаа родителите на загинатите во „Пулс“ на протестниот марш во Кочани

Протест во Кочани, родителите обвинуваат – „Полицијата не интервенираше навремено“

А1он

ССМ најави протест на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски