Талески: Ново зголемување на откупата цена на тутунот за 35 денари, досега имаме просечна цена од 365 денари

Од:

СДСМ покажува што значи вистинска грижа за тутунарите и што значи почитување и вреднување на нивнот труд и мака.Откупот на тутунот се одвива добро и што е најважно овие денови гледаме уште едно големување на откупната цена за 35 денари, доаѓајќи до просечна цена од 365 денари по килограм во овој момент вели пратеникот на СДСМ Миле Талески.

– За 20 денари ја зголемуваме субвенцијата по класи за предаден тутун и креираме нова мерка за субвенција по пријавена површина тутун од 6.000 денари по пријавен хектар. Секој еден тутунар покрај овие 365 денари откупна цена на тутунот, би добил и 100 денари по килограм, субвенција за предаден тутун од прва класа. Вкупна поддршка за прва класа тутун од 465 денари добива секој тутунар. Дополнително, тутунарите преку новата мерка првпат, стекнуваат право и за мерката зелена нафта, во износ од 12.000 денари по хектар. СДСМ преку надлежното Министерство за земјоделство навремено уште пред почеток на бербата и откупот, ги започна разговорите меѓу откупувачите и тутунарите. Еве ги резултатот, дојдовме до повисока цена, прифатлива за двете страни, цена која е фер и ја почитува маката на тутунарите, рече Талески

Би можело да ве интересира

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение