Такси превозниците кои ги наплаќаат своите услуги многу повеќе од што е нивната реална цена, претставуваат најголем проблем на црногорскиот приморски туризам, оцени претседателот на Црногорското туристичко здружение, Жарко Радуловиќ.
Радуловиќ во изјава за „Дневне новине“ оцени дека таксистите го уриваат имиџот на Црна Гора и го загрозуваат туристичкото стопанство.