Тајван и САД денеска ќе одржат трговски разговори

Од:

Тајван и САД денеска ќе одржат трговски разговори според нова рамка, соопшти канцеларијата на американскиот трговски претставник во Тајван.

Заменик-трговскиот претставник на САД во Тајван Сара Бјанки ќе се сретне со највисокиот трговски претставник на Тајван Џон Дан за да разговараат за прашања поврзани со трговијата во 21 век, се вели во соопштението на нејзината канцеларија без повеќе детали за состанокот.

Настанот беше најавен овој месец, само неколку дена откако владата на американскиот претседател Џо Бајден го исклучи Тајван од својот економски план, чија цел е да се спротивстави на растечкото влијание на Кина во индо-пацифичкиот регион.

Тајван се уште се надева дека ќе постигне договор за слободна трговија со САД.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

Силен земјотрес во Тајван

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји