Тајланд и Мјанмар заеднички ќе го стимулираат економскиот развој

Од:

Стопанските комори на Мјанмар и Тајланд денеска во Јангун потпишаа договор за унапредување на економската соработка меѓу двете држави и заеднички акции во комплетирање на договорите за создавање на економска заедница на државите од  АСЕАН. Новата економска заедница на десетте држави на АСЕАН, АЕК треба да профункционира на крајот на 2015 година, и ќе работи речиси идентично како Европската Унија.

Мјанмар е најголем трговски партнер на Тајланд. Екномската размена меѓу двете држави лани имала вредност од над осум милијарди долари.

Од јуни 2010 година, до јуни годинава Тајланд инвестирал  10,2 милијарди долари во Мјанмар и по Кина е најголемиот странски инвеститор во таа држава. Кинеските и тајландските инвестиции придонесоа годишниот пораст на економијата на Мјанмар во последниве пет години да се движи меѓу 7 и 9 посто.

Би можело да ве интересира

Астролог најави нов земјотрес и заврши во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Шест лица загинаа при пад на полициски авион во Тајланд

Седум загинати, над 53 повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Во разорниот земјотрес во Мјанмар загина и Силиме која беше прва носителка на титулата „Мис туризам“

Се зголемува бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар

Пет дена по земјотресот спасен e маж од под урнатините во Мјанмар, досега се загинати 2.886 лица