„Та неа“: Секој ден во Бугарија се отвораат по десет грчки компании

Од:

Секој ден во Бугарија се отвораат по десет грчки компании, се наведува во грчкиот весник „Та неа“, пренесува БТА.

Податоците покажуваат дека во рамките на два месеци во земјата се отворени 581 нови грчки компании.

Само во Благоевград, кој има 71 илјади жители, кој е на 199 километри одалеченост од Солун, има пет илјади грчки фирми. Во просек, на секои 14 жители на Благоевград има по една грчка компанија.

Половина од грчките фирми во Бугарија се регистрирани по потпишувањето на договорот со меѓународните кредитори.

Предноста на основање на фирма во Бугарија е данокот од 10 отсто, наспроти 29 проценти во Грција, се посочува во весникот.

До крајот на минатата година, во Бугарија биле регистриани 14.400 грчки компании, според бугарската статистика, пишува весникот „Та неа“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Бугарија

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна