Светските берзи растат четврта недела по ред

Од:

На светските берзи цените на акциите пораснаа и минатата недела, бидејќи инвеститорите се убедени дека циклусот на заострување на монетарната политика е завршен, па веќе се шпекулира за неизбежно намалување на каматите. На Волстрит, Dow Jones минатата недела порасна за 1,3 отсто, на 35.390 поени, додека S&P 500 порасна за 1 отсто, на 4.559 поени, а индексот Nasdaq порасна за 0,9 отсто, на 14.250 поени.

Индексот порасна четврта недела по ред благодарение на уверувањето на инвеститорите дека американската централна банка го завршила циклусот на зголемување на каматните стапки бидејќи сите најнови податоци покажуваат дека американската инфлација слабее, а економскиот раст забавува. Тоа го потврдија речиси сите извештаи за производството, расположението на потрошувачите и пазарот на труд, објавени минатата недела. Според сите сметки, и покрај наглото зголемување на каматните стапки на ФЕД во изминатата година и половина, најголемата светска економија ќе избегне рецесија.

Општата слика на пазарот е солидна. И покрај загриженоста за економијата и претстојните расходи за празници, пазарот изгледа раздвижен пред периодот во кој цените на акциите имаат тенденција да растат, рече Квинси Крозби, стратег во LPL Financial.

Сега најмногу се шпекулира кога ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки. Пазарот на пари проценува дека првото намалување на каматните стапки на ФЕД би можело да дојде веќе во март, а дека во целата наредна година каматните стапки би можеле да се намалат за цел процентен поен.

Обемот на тргување беше значително помал од вообичаеното минатата недела поради Денот на благодарноста. Поради овој празник во четвртокот немаше работа во САД, а во петокот скратено работеше Волстрит. Во наредните денови ќе се следат најголемиот дел од податоците за потрошувачката на почетокот на празничната шопинг сезона, од кои би можело да зависи движењето на цените на акциите во трговскиот и другите сектори.

И на повеќето европски берзи цените на акциите пораснаа минатата недела. Франкфуртскиот DAX индекс зајакна за 0,7 отсто, на 16.029 поени, а париски CAC зајакна за 0,8 отсто, на 7.292 поени. Но, лондонскиот FTSE ослабе за 0,2 отсто, на 7.488 поени.

Би можело да ве интересира

Доларот зајакнува петта недела по ред

Светски берзи: Доларот ослабе, цената на нафтата порасна

Катерина Ѓуровски

Светски берзи: Зајакнат доларот, цената на нафтата порасна

Доларот зајакна, цената на нафтата расте

Светски берзи: Доларот ослабе, цената на нафтата благо порасна

Светски берзи: Доларот зајакна, цената на нафтата благо падна