Светски економски форум: Во светот ќе живеат се помалку работноспособни луѓе, а ќе има повеќе пензионери

Од:

На глобално ниво, работноспособното население ќе бележи пад за 10% до 2060 година.

Со рапидното стареење на светската популација преку пад на бројот на новороденчиња и зголемен  животен век на човекот, намалувањето на работната сила ќе ја забави економијата и ќе предизвика поголеми трошоци во здравството.

Новите глобални промени ќе имаат големо влијание врз идните генрации, предупредуваат демографите.

Според предвидувањата, до 2050 година ќе живеат околу 10 билиони луѓе на планетата, а бројот на 100 годишните лица ќе се зголеми тројно.

На глобално ниво, работноспособната популација ќе се намали за 10% до 2060 година, а за дури 35% во следните држави: Грција, Јапонија, Кореја, Латвија, Литванија и Полска.

Исто така, проекцијата гласи дека за 20% ќе се намали популацијата способна за работа во Австралија, Мексико и Израел.

Прв на удар од таквите ефекти ќе биде пензискиот фонд, велат од Светскиот економски форум.

 

Би можело да ве интересира

Ковачевски на работен ручек на високo ниво на Светскиот eкономски форум

Светски економски форум: Кибер криминалот бележи рекордно забрзување

А1он

Клаус Шваб: Светскиот економски форум ќе се одржи во Давос, местото не се менува

Ана Ололовска

ФИТР, Регионалниот совет за соработка и Светскиот економски форум ќе креираат регионален иновациски фонд

А1он

Светски економски форум: Жените ќе се изедначат во економските права со мажите за 257 години

Ана Ололовска

Хотелиерите двојно ќе заработат од откажување на учеството на Светскиот економски форум

Ана Ололовска