Светски економски форум: Кибер криминалот бележи рекордно забрзување

Од:

Забрзаното темпо на дигитализација поттикнато од пандемијата на Ковид-19 доведе до рекорден број на напади со уценувачки софтвери, со 151 процент зголемување на глобалните напади во првата половина на 2021 година, предупреди Светскиот економски форум (СЕФ) во новиот годишен извештај.

Извештајот на СЕФ „Глобална перспектива за кибер безбедност 2022“ покажа дека во текот на 2021 година биле регистрирани просечно 270 кибер напади по организација, што е зголемување за 31 отсто во однос на 2020 година, пренесува кинеската агенција Ксинхуа.

Цената на нападите врз организациите се високи и во просек изнесуваат 3,6 милиони долари по инцидент, се вели во извештајот.

– Изгледите се прилично мрачни, изјави Алгирде Пипикаите, експерт и водечки стратег за кибер безбедност во СЕФ.

– Сведоци сме дека многу сфери на животот се погодени од криминални кибер активности … Има многу што треба да се направи и треба да се обединиме како заедница, изјави Пипикаите за Ксинхуа преку видео врска.

Извештајот на Светскиот економски форум со седиште во Женева, исто така, покажа дека 80 отсто од водечките кибер експерти сега веруваат дека „уценувачки софтвер“ е растечка и опасна закана за јавната безбедност и оти постои голем јаз во перцепцијата меѓу извршните директори кои мислат дека нивните компании се безбедни и безбедносни експерти кои не се согласуваат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет

Кинеските хакери имале пристап до одредена американска инфраструктура најмалку пет години

Кинески хакери нападнале стотици домашни рутери во САД и ги користеле за шпионирање

Хакери го нападнаа српското Електростопанство, украдените податоци ги објавуваат на интернет

А1он

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Ковачевски на работен ручек на високo ниво на Светскиот eкономски форум