Светската банка одобри кредит од 1,5 милијарди долари за Украина

Од:

Светска банка синоќа на Украина и одобри кредит од 1,5 милијарди американски долари за зајакнување на финансиската транспарентност и енергетската инфраструктура.

– Ќе ја зголемиме нашата помош за Украина бидејќи во овој клучен момент сакаме да придонесеме кон подобрувањето на животните услови за населението и придвижување на стопанството, изјави претседателот на Светска банка, Јим Џонг-ким.

Половина од кредитот или 750 милиони долари, се наменети за реформите што се „високо на листата од приоритети“ во земјата која се бори против корупцијата и која се обидува да го реформира системот на субвенции за цената на енергенсите, притоа штитејќи ги најсиромашните, се додава во соопштението на Светска банка.

Светска банка презеде обврска дека до крајот на годината за Украина да издвои 3,5 милијарди долари, додека Меѓународниот монетарен фонд во текот на следните две години ќе одобри кредити во износ од 17 милијарди долари. 

Би можело да ве интересира

Русите со дронови го нападнаа Киев, вкупно 11 лица се повредени, вклучувајќи две деца

Путин: Помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно, само е прашање на време

Зеленски: Прекин на огнот во војната со Русија е можен во секој момент

„Њујорк тајмс“: Украина ќе добие ракетен систем „Патриот“

Зеленски: Русија бара молк на 9 мај, но ја напаѓа Украина секој ден

Украински дрон собори два руски борбени авиони Су-30

Горан Наумовски