Светска банка останува посветена на поддршката на приоритетите на Владата

Од:

На денешната 21-ва седница на Владата на Република Северна Македонија беше презентирано портфолиото на Светска банка за Република Северна Македонија за тековниот период, како и за наредната фаза на соработката со оваа меѓународна финансиска институција.

Во презентацијата на Линда Ван Гелдер, регионална директорка на Светска банка за Западен Балкан и на Масимилијано Паолучи, директор на Светска банка во Северна Македонија, беше истакнато дека банката продолжува да ги следи приоритетите на Владата, со поддршка којашто од 1991 години до денес изнесува 2,8 милијарди долари.

Актуелното портфолио на Република Северна Македонија опфаќа 9 големи проекти вредни 480 милиони долари кои опфаќаат проекти од автопатната, магистралната и локалната инфраструктура, проекти за унапредување на образованието, во здравството, како и проекти за социјална инклузија.

Светска Банка, беше истакнато на презентацијата, заедно со Владата, останува посветена и на континуитетот на поддршката на платниот биланс на финансискиот систем и особено во проекти за инвестирање во човечкиот капитал во образование, социјална заштита и здравството.

Би можело да ве интересира

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи

СДСМ: Македонија на дното во регионот по економски раст и според Светска банка

СДСМ: И според Светска банка, Македонија ќе биде на дното во регионот по економски раст

Левица: Наместо помош за настраданите во Кочани, Владата дала 23 милиони денари за да си го измери рејтингот