Светска банка: Најголем глобален пад во економијата од Втората светска војна

Од:

Пандемијата на коронавирусот и мерките преземени од страна на државите со цел сузбивање, ќе доведат на крајот на 2020 година до најголем пад на светската економија од Втората светска војна, нагласува Светската банка во најновиот извештај.

Според прогнозите на Светската банка, глобалниот раст ќе падне за 5,2 проценти оваа година, што би било најдлабока рецесија по Втората светска војна.

Повеќето светски економии би доживеале најголем пад на производството по глава на жител од 1870 година, соопшти Светската банка во извештајот „Глобални економски перспективи“.

Најтешко погодени се оние држави каде пандемијата е најлоша и кои во голема мерка се потпираат на глобалната економија, туризмот, извозот на стоки и надворешното финансирање, се додава во извештајот.

Силата на ударот ќе варира од регион до регион, но сите нови пазари и економиите во развој имаат зголемена ранливост, предупредува Светската банка. Во Европа се очекува економски пад од седум отсто додека во САД 6,1 отсто пред да се појават знаци за обнова во 2021 година. Во 90 отсто од 183 економии се очекува пад на БДП во 2020 година.

Поради сериозно нарушување на домашната понуда и побарувачка, економијата и финансиите, економската активност на напредните економии се очекува да се намали за седум проценти во 2020 година.

Кај новите пазари и економиите во развој се очекува пад од 2,5 проценти оваа година, што е најголемо во изминатите 60 години.

СБ предупредува дека приходот по глава на жител се очекува да падне за 3,6 проценти, поради што милиони луѓе ќе се соочат со екстремна сиромаштија оваа година.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во Светска банка: Континуитетoт во поддршката од СБ од голема важност за нашата развојна агенда

А1он

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места препорачува Светска банка

Светска банка: Македонија со најнизок економски раст во регионот